Линкови за пристапност

Кој подобро ќе се справи со тероризмот, Клинтон или Трамп?


Во нова анкета на Вашингтон пост и АБЦ телевизијата Американците повеќе и` веруваат на Клинтон по ова прашање

Ново истражување на јавното мислење покажува дека Американците веруваат дека најверојатната демократска кандидатка за претседателската номинација Хилари Клинтон би се справила подобро со терористичката закана отколку републиканскиот ривал, Доналд Трамп.

Педесет проценти од испитаниците во најновата анкета на „Вашингтон пост„ и АБЦ рекле дека и веруваат на Клинтон во справување со тероризмот, во споредба со 39 проценти за Трамп.

Најновите резултати покажуваат значителна промена на јавното мислење по терористичките напади во Париз и Сан Бернандино, Калифорнија кои се случија во 2015-та година, кога повикот на Трамп за забрана за влез на муслимани во САД наиде на силна поддршка кај републиканците.

Осум од десет испитаници рекле дека се загрижени од нападите од поединци кои дејствуваат самостојно. Педесет и три проценти одговориле дека се „многу загрижени“ а две третини изјавиле дека не се уверени дека Владата има капацитет да се справи со нападите на поединци кои дејствуваат самостојно.

XS
SM
MD
LG