Линкови за пристапност

Истрага по убиството на британската пратеничка


Полицијата ја истражува поврзаноста на напаѓачот со десничарските групи, како и неговото ментално здравје

Полицијата од општината Јоркшир, во северна Англија одбива да потврди дали осомничениот напаѓач кој ја застрела Џо Кокс, 41 годишната пратеничка во британскиот парламент, можеби имал крајно десничарски мотиви и националистички убедувања.

Неколкумина сведоци на нападот извршен од Томас Мејр, кажаа дека тој извикувал „Британија над се`“ додека истрелал три рафали кон пратеничката, ја избодел и ја влечел за коса.

Од малата десничарска партија „Британија над се“, која неколку години води кампања земјата да ја напушти Европската Унија, велат дека немаат удел во нападот на парламентарката и дека нивното раководство го осудува нападот.

Во обид да ги открие мотивите за крвавото убиство, истрагата се фокусира на две различни можни линии кои не се исклучуваат меѓусебно. Полицијата од Јоркшир за Гласот на Америка потврди дека властите ја истражуваат поврзаноста на Мејр со десничарските групи, исто како и неговите ментални проблеми.

XS
SM
MD
LG