Линкови за пристапност

Демократите бараат построга контрола на оружјето


По три години на говори и барање за конгресна акција за контрола на незапирливото насилство со огнено оружје, сенаторот Крис Марфи презеде подрастична мерка

Три дена откако 49 лица беа застрелани во ноќниот клуб во Орландо, демократскиот сенатор од Конетикат од сенатската говорница вети дека ќе држи говор се` додека републиканците и демократите не се согласат да преземат акција против насилството со огнено оружје.

Неговите колеги, демократи се вклучија во временски неограничениот говор, или филибастер изразувајќи фрустрираност во врска последното масовно убиство во земјата.

Сенаторот од Конетикат, Ричард Блументал кажа „Ние сме тука да видиме акција, акција која се одложува долго време, насочена за превенција на насилството со огнено оружје и против актите на омраза како оние во Орландо. Делата се посилни од зборовите. Нацијата заслужува акција. 90 проценти од американците посакуваат Сенатот да усвои разумни мерки, како што е проверката на безбедноста.“

Марфи го прекина филибастерот по речиси 15 часа, кога објави дека републиканските лидери се согласиле да донесат закон со кој оние кои се наоѓаат на листата на ФБИ за следење за поврзаност со тероризам, ќе им биде забранета можноста да купат огнено оружје и дека ќе биде проширен процесот за проверка на безбедноста кога се купува оружје.

XS
SM
MD
LG