Линкови за пристапност

Мајкрософт го купува ЛинкдИн


Софтверскиот гигант ја превзема професионалната социјална мрежа која има 433 милиони членови

Се очекува договорот вреден 26.2 милијарди долари да биде завршен подоцна годинава, а понудата е 196 долари по акција. Тоа е 50 проценти повеќе отколку што изнесување вредноста на акциите на ЛинкдИн претходниот петок.

Од Мајкрософт велат дека ЛинкдИн ќе си го задржи името и независноста.

ЛинкдИн со седиште во Калифорнија им помага на нејзините членови да изградат професионални врски кои им помагаат во нивните кариери. Исто така им помага на компаниите да пронајдат квалификувани кандидати за клучните работни места. Компанијата заработува со тоа што им наплаќа на компаниите за услугата за регрутирање и од рекламата на нејзините членови.

XS
SM
MD
LG