Линкови за пристапност

Тупанчески: Сериозни последици од селективна примена на правдата


Сега на ред е како ќе се применува законот во 56-те случаи кои беа опфатени со помилувањето, кажа професорот по казнено право за Гласот на Америка.

Oдлуката на претседателот, прво делумно, а потоа и целосно да го укине помилувањето, може да доведе до сериозни последици од селективна примена на правдата, вели професорот Никола Тупанчески, за Гласот на Америка, изјави дека со последниот потег Иванов ја признал грешката, но оти сега на ред е како ќе се применува законот во 56-те случаи, кои беа опфатени со помилувањето.

„ Затоа што на повидок се можности за различни толкувања во однос на роковите на застареност, во однос на прекинување на постапката и така натаму. Со еден збор, креирана е правна конфузија која се надевам во кратко време ќе може да се стигне до почетната цел за која што беше замислено помилувањето, а тоа е законот да биде подеднакво применет кон сите извршители на кривични дела, како и да се даде можност да се докаже што е вистината, а што е невистната, во однос на поднесените кривични пријави и започнатите кривични постапки“, вели Тупанчески.

Според него, станува збор за преседан во современата историја на казненото право, поради непостоењето на правен основ при донесување или практикување на Законот за помилување.

“Непостоење на правен основ е сериозна пречка и тоа значи на некој начин, од старт креирање можност за злоупотреба на правото, односо на институтот помилување“, вели Тупанчески.

XS
SM
MD
LG