Линкови за пристапност

Можна дебата Трамп – Сандерс


Кандидатите кои се борат за републиканската и демократската номинација на претседателските избори веќе одржаа 20 големи дебати, но следната би можела да биде најнеобичен дел од и така изненадувачката кампања.

Вообичаено републиканците дебатираат со републиканците и демократите дебатираат со демократите, но можен е и преседан, по најавеното можно појавување и дебата на Доналд Трамп и Берни Сандерс, во ноќното шоу на Џими Кимел, на телевизиската мрежа АБЦ.

Во интервју, Кимел се осврна на фактот дека противничката на Сандерс, Хилари Клинтон, одби да учествува во дебата пред прелиминарните избори во Калифорнија, кои се одржуваат на 7-ми јуни.

Тој запраша дали Трамп би дебатирал со Сандерс? Трамп одговори позитивно, доколку приходите од телевизискиот настан отидат во добротворни цели. Сандерс исто така го прифати предизвикот.

XS
SM
MD
LG