Линкови за пристапност

По смртта на Мансур, Талебан со нов лидер


Од авганистански Талебан велат дека Мавлави Хајбатула Акундзада е назначен за нов лидер на групата по смртта на Мула Актар Мансур.

Во денешната изјава на паштунски, организацијата исто така официјално потврди дека Мансур бил убиен во напад од американско беспилотно летало.

„Мавлави Хајбатула Акундзада е назначен за нов лидер на исламскиот Емират со целосна согласност на Врховниот совет и сите членови на советот искажаа верност кон него“, се вели во соопштението на Талебан.

Претседателот на САД Барак Обама во понеделникот потврди дека Мансур бил елиминиран бидејќи го попречувал авганистанскиот мировен процес.

Новиот талебански лидер беше заменик на Мансур заедно со Сирахудин Хакани, лидерот на озлогласената Хакани група.

XS
SM
MD
LG