Линкови за пристапност

Обама оптимист за иднината на Виетнам


Тој ја пофали младината на земјата за време на средба во Хо Ши Мин

Младинската лидерска иницијатива за Југоисточна Азија е програма одобрена од претседателот Обама, која започна во 2013-та година, за да го зајакне развојот на лидерството и соработката во Југоисточна Азија. По средбите со младите членови, претседателот призна дека во својата младост тој не бил секогаш најсериозен.

„Кога бев млад, не ги сфаќав студиите најсериозно и бев повеќе заинтересиран за кошарка и за девојки“, рече Обама.

Разговорот опфати пошироки теми, од политика, културата, економија и животна средина, посебно климатските промени.

Познатата раперка од Хо Ши Мин, 26-годишната Субој изјави дека таа се соочува со тешкотии како жена рапер, и побара од претседателот владина поддршка за уметноста.

„Нешто како што е рапот, кој започна како израз на сиромашните Афро - американци, и одеднаш постана глобален феномен, и на многу начини е вистинска форма на уметност, за голем број на млади луѓе од целиот свет.

„Замислете, ако во времето на почетоците, нашата влада го забранеше овој вид музика, бидејќи некои од работите што се кажуваат се навредливи“, кажа Обама.

Илјадници Виетнамски граѓани излегоа на улиците за да го поздрават претседателот Обама, кој кажа дека САД и Виетнам се одлучиле за нова, 100 годишна, заедничка соработка.

Претседателот од Виетнам замина за Јапонија, каде што треба да се сретне со премиерот Шинзо Абе.

XS
SM
MD
LG