Линкови за пристапност

Даниел Сервер: Аболицијата беше навистина лоша идеја


Долгогодишниот аналитичар за Балканот, ја коментира одлуката од претседателот Иванов која предизвика масовни протести и ја продлабочи политичката криза во Македонија.

„Мислам дека аболицијата беше навистина лоша идеја аболицијата го изневери постигнатиот Договор и поништувањето на одлуката за помилување ќе биде важно за барање излез од политичката криза. Скандалот со прислушувањето е срамен и владата на премиерот Груевски самата се посрамоти сериозно пред ЕУ, САД и македонскиот народ. Тоа е жално. Исто така не ми се допаѓа идејата дека опозицијата не сака да се соочи на избори. Мислам дека е изборите се важни во вакви ситуации, но да се има доверба дека тие ќе имаат слободен и фер исход. Сега кога изборите се повторно одложени, мошне е важно да се стаса до стадиум во кој Македонија ќе може да организира избори, кои ќе бидат доживеани како легитимни од мнозинството од народот, оцени аналитичарот од Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс.

Тој рече дека граѓанскиот сектор има големо влијание преку демонстрациите и критиката кон Груевски. „Мислам дека поголем дел од општеството стои на страната на демонстрантите“, рече Сервер, но потсети дека Груевски и натаму има голема популарност меѓу голем дел од населението. Според него, граѓаните мора да имаат доблест не само да ги критикуваат, туку и да ги прифатат резултатите од демократскиот процес, коментира Даниел Сервер.

XS
SM
MD
LG