Линкови за пристапност

Иднината на професиите

  • Јела де Франчески

Даниел и Ричард Сускајнд велат дека иднината и` припаѓа на автоматизацијата и на комјутеризираните системи, способни да ги решаваат проблемите без помош на човекот

Фактот дека кон крајот на 2015-та три милијарди луѓе имале пристап до Интернет и дека до крајот на 2018-та, дополнителни три милијарди ќе бидат поврзани на Интернет, е доказ дека во тек е огромна глобална, технолошка и социјална трансформација, велат Ричард и Даниел Сускајнд во нивната најнова книга „Иднината на професиите.“

Додека радикалните промени во комуникацијата се веќе познати, тие велат дека неверојатното темпо на иновација, поттикнува постоење на општество во кое многу од денешните професии, можно е да станат минато.

За една година, многумина, велат тие, се запишале на курсеви што ги нуди Харвард на Интернет, споредено со посетување на часови на самиот Универзитет, основан пред 377 години. Има многу повеќе посети на веб - страницата Web-Em-Di, споредено со традиционален лекарски преглед. Во 2015-та година, преку 50 милиони американски даночни работници ги подготвиле и електронски и самите ги поднеле нивните документи до надлежните.

Напредокот е потпомогнат од супер - компјутерите што можат да анализираат скриени модели и да предвидат одредени трендови, вели Ричард Сускајнд:

„Во САД постои систем што може да го предвиди резултатот од патентни спорови, многу поточно од кое и да е човечко суштество. Но системот нема никакви познавања за правото. Има информација за изминатите 100.000 случаи, кои се судиите, кои се страните, кои се адвокатите, суштината на спорот, неговата вредност.“

Сускајнд воедно поентира дека вештачката интелигенција, не е иста, како и човечкиот мозок.

„Гледаме дека се појавуваат системи што функционираат на мошне високо ниво, но тоа не го прават на начин на којшто функционираат луѓето.“

Прв увид за тоа беше компјутерот на Ај-Би-Ем, „Дип блу“, што го победи шампионот во шах, Гари Каспаров и тоа во поле што многумина го сметаат за врв на човечката интелигенција.

Четири години подоцна компјутерот на Ај-Би-Ем, Ватсон се појави на популарното ТВ-шоу „Џепарди“ и ги победи дотогаш најдобрите натпреварувачи.

Но, тој тоа не го знаел, вели Даниел Сускајнд.

„Немаше никаква возбуда, не им се јави на пријателите да им каже како се` минало. Не мисли како нас, но беше помоќен од нас.“

Сепак, научниците планираат да изградат компјутер сличен на човечкиот мозок. Мозокот е уникатен, велат тие, може да добива нови информации и да се адаптира, без да има потреба да се програмира или надгради. Има бесконечна меморија и тешко е да престане да работи.

Таткото и синот предвидуваат дека наскоро просечниот лаптоп- компјутер ќе има многу поголема процесирачка моќ отколку целото човештво комбинирано. Претстојната технолошка ера, велат тие, ќе го промени начинот на којшто функционираме во секој аспект од нашиот личен и професионален живот.

XS
SM
MD
LG