Линкови за пристапност

САД испратија воен брод во Јужното Кинеско Море


Одделот за одбрана на САД испрати воен брод за извршување операција за слободна навигација во спорното Јужното Кинеско Море.

Бродот „УСС Вилијам П. Лоренс“ пловеше на 12 наутички милји од окупираниот гребен од страна на Кина.

"Огромните поморски побарувања не се во согласност со меѓународното право, како што може да се види во Конвенцијата за поморски права, и тие претендираат да ги ограничат правата за навигација на САД и другите држави“ изјави портпаролот на Одделот за одбрана Бил Урбан во електронска порака.

Портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи Лу Канг реагираше остро, и на прес-конференцијата кажа дека бродот навлегол нелегално во кинеските води и дека овој потег е закана за мирот и стабилноста во регионот.

XS
SM
MD
LG