Линкови за пристапност

Иднината на рударската индустрија главна тема на кампањите на Доналд Трамп и Хилари Клинтон во Западна Вирџинија.

Најверојатниот републикански и демократски кандидат за претседателските избори во САД со различен прием во Западна Вирџинија, благодарение пред се на нивните ставови кои ја засегаат индустријата за јаглен, главен економски двигател во оваа сојузна држава.

Доналд Трамп во четвртокот беше пречекан со овации по неговиот говор за поддршка на рударскиот сектор на собирот во Чарлстон, главниот град на оваа сојузна државата.

„Ако победам, ќе ги вратиме рударите назад. Ќе бидете многу горди на вашиот претседател“, изјави тој. Тие искажаа негодување кога тој ја спомена Хилари Клинтон.

Во март, кога таа зборуваше за своите планови за воведување на обновливи извори на енергија, Клинтон кажа дека многу од рударите и компаниите за јаглен ќе останат без работа, а во исто време кажа дека работниците треба да бидат сигурни дека не се заборавени.

Но, нејзините коментари не наидоа на одобрение во Западна Вирџинија, каде што околу 16.000 луѓе директно работат во оваа индустрија, вредна 7 милијарди долари и носи стотици милиони долари приходи во даноци за државата годишно.

XS
SM
MD
LG