Линкови за пристапност

Македонците бараат евро повеќе


Македонците бараат евро повеќе
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Навалица од граѓани кои продаваат денари и купуваат евра заради стравот од влошената политичка состојба

Се бара евро повеќе во Скопје. Вработените во приватните менувачници кои не беа расположени да зборуваат пред камера, за „Гласот на Америка“ објаснуваат дека изминатите денови се соочуваат со навалица од граѓани кои продаваат денари и купуваат евра. Стравот се поврзува со информациите дека поради влошената политичка состојба во Македонија и неможноста да се најде излез од кризата, Европската унија размислува за воведување рестриктивни мерки кои би имале сериозни економски последици. Како одговор на ситуацијата, банките преку нивното здружение во Стопанската комора уверуваат дека се ликвидни и дека заштедите се безбедни.

„Во моментов банките имаат вишок на ликвидни средства и се спремни да ги сервисираат сите потреби на граѓаните. Сите оние што имаат потреба од подигање на средства, било да се физички, било да се правни лица, можат во секое време да отидат во банките и веднаш ќе бидат услужени“ – вели Коста Митровски од Здружение на банкари.

Народната банка исто така ја смирува ситуацијата. „Денарот е стабилен и нема опасност од негова девалвација, има одредена паника кај граѓаните и зголемено повлекување на депозитите, но тоа е далеку од драматично“ – изјави гувернерот Димитар Богов. Податоците на Народната банка покажуваат дека наспроти политичката криза во март имало пораст на штедните влогови во однос на претходниот месец. Од друга страна, најавите за можни санкциии кон Македонија, според Стопанската комора на Македонија, имаат ефект и на бизнис климата меѓу домашните и странските компании. Велат дека постои страв кај надворешните партнери.

„Тоа упатува и на нивна загриженост дека нашите домашни компании нема ќе можат навреме и редовно да ги снабдуваат компаниите согласно договорените услови“ – изјави Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија.

Брисел засега ги нарекува „шпекулации“ информациите дека веќе подготвува листа санкции, но само за индивидуални лица од Македонија. Но, портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ изјави дека се принудени да размислуваат за акции за да ги пресретнат барањата на Европскиот совет, Европската комисија и Парламентот.

XS
SM
MD
LG