Линкови за пристапност

Што следи?

Што: „Брегзит“ е кратена кој се однесува на можното повлекување на Велика Британија од Европска унија. Се работи за адаптација на терминот „грегзит“ - можниот грчки излез од еврозоната.

Кога: Британските гласачи на 23 јуни ќе одлучат дали нивната земја и натаму ќе остане во ЕУ. Датумот беше поставен од страна на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Референдумското прашање: гласачи ќе бидат запрашани „дали Велика Британија да остане членка на ЕУ или да ја напушти ЕУ“ Прашањето беше препорачано од страна на Државната изборна комисија на Велика Британија и прифатени од страна на владата и парламентот.

Зошто: да се задоволи Конзервативната партија и да се поткопа состојбата на противниците на ЕУ. Премиерот Камерон вети дека ќе одржи референдум за ова прашање, ако повторно е избран во 2015-ат година. Конзервативците сега во мнозинство беа поделени по прашањето за членство во ЕУ за повеќе од 40 години. Конзервативците генерално претпочитаат излез од ЕУ.

Значење: Застапниците на британски излез од ЕУ веруваат дека тоа ќе ги ослободи Британија од правила кои се неповолни за создавање нови работни места и ќе и овозможи на земјата да изгласа свои закони и избере трговски партнери. Застапниците за останување во ЕУ велат дека Велика Британија треба да го одржи своето членство во блокот и дека тоа ќе помогне во одржувањето на глобалното влијание и на безбедносната и економската сигурност.

Кој има право на глас: Граѓаните постари од 18 години може да го дадат својот глас за прашањето по „Брегзит“. Ова ги вклучува граѓаните во Велика Британија и Комонвелтот, меѓувладина група од 53 земји членки.

Исход: Анкетите редовно го следат јавното мислење за прашањето „Брегзит“.

Економист има направено интерактивна анкета која го мери мислењето на дневна основа. Ова е линкот до анкетата:

http://www.economist.com/blogs/graphicdetail/2016/04/daily-chart-11

XS
SM
MD
LG