Линкови за пристапност

Најава на врвни имиња за годинешново „Охридско лето“

  • Сашо Митан

Новоизбраниот директор има идеи и планови, но објаснува дека нема да експериментира институцијата што наметнала високи стандарди

Охридско лето е една од најреномираните фестивали во Македонија, па и пошироко. Во 2020 година ќе биде домаќин на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација - ЕФА, во годината кога фестивалот ќе слави 60 години од своето постоење.

Во неодамнешна изјава, новоизбраниот директор Оливер Арсовски, кажа дека во најскоро време ќе биде презентирана официјалната програмата.

„Се надевам дека и оваа година како и секоја година, програмата ќе и’ се допадне на публиката и дека ќе биде на светско ниво. Селекторите на музичкиот и драмскиот дел си остануваат, чест ми е што ќе соработувам со нив, тие се долго време дел од Охридско лето“, рече Арсовски.

За во иднина Арсовски има идеи и планови, но објаснува дека нема да експериментира со една институција која наметна високи стандарди. Новитетите ќе бидат конструктивни и во насока на „зачинување“ пред се’ во делот на off-програмата, рече тој.

Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“ на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која и’ заврши четиригодишниот мандат. Во периодот од 2007 до 2010 година Арсовски беше директор на Македонската опера и балет.

XS
SM
MD
LG