Линкови за пристапност

Обама притиска за реформи на Блискиот Исток


Претседателот на САД повика на политички решенија и демократизацијата на регионот

Претседателот на САД, Барак Обама и лидерите на државните од персискиот залив на состанок во Ријад, Саудиска Арабија разговораа за начините за поблиска соработка со цел стабилизирање на регионот на Блискиот Исток на најдобар можен начин, и покрај постојните разлики.

Обама и претставници на шесте членки на „Советот за соработка во Заливот се фокусираа на политичката состојба и борбите во Сирија, Јемен, Ирак и Либија.

Тие, исто така, разговараа околу начините за поефикасна борба против Исламската држава и Ал-Каида и како да се справат со дестабилизирачките активности на Иран во регионот.

Тензиите меѓу Вашингтон и арапски сојузници се зголемија заради различните пристапи за решавање на проблемите во регионот.

САД се залагаат за поголемо внимание на политичките решенија и демократските реформи и помал фокус на секташки борби, особено во држави како Јемен и Сирија каде постои кревок прекин огнот.

Некои држави од Заливот, како Саудиска Арабија, на секташкото насилство гледаат како најголема закана за безбедноста, и изразија сомнежи во врска визија на САД за безбедност во регионот, особено во однос на она што тие го доживуваат како растечка закана од Иран.

Покрај Саудиска Арабија во„Советот за соработка во Заливот„ членуваат Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Оман.

По самитот, американскиот претседател Барак Обама ќе замине за Лондон, каде што ќе се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон. Теми на разговорите ќе бидат борбата против тероризмот, бегалската криза во Европа и глобалната економија.

XS
SM
MD
LG