Линкови за пристапност

Истражување за арапската младина


И покрај очајот во регионот младите Арапи „со големо мнозинството“ ги отфрлаат идеите на Исламската држава, стои во ново истражување.

„Истражување за арапската младина“ на АСДА’А Бурон -Марстелер покажа дека 77 проценти од Арапите на возраст од 18-24 години се загрижени за напредокот на Исламската држава (50 проценти од нив искажале сериозна загриженост), иако повеќето искажале уверување дека организацијата не може да воспостави држава. Повеќето од анкетираните младинци веруваат дека недостатокот на работни места и можности за младите луѓе се користат од Исламската држава за регрутирање на нови членови. Но еден од четворица испитаници кажал дека не може да каже ниедна причина зошто некој би се присоединил кон групата.

Пет години по Арапската пролет, мнозинството од испитаниците приоритет даваат на стабилноста, наспроти демократизацијата во регионот. Само 36 отсто се изјасниле дека арапскиот свет е во подобра состојба по Арапската пролет, драматично намалување од 2012 година, кога 72 проценти имале позитивно мислење во врска со исходот. Египет е единствената земја во оваа анкета каде што мнозинство се уште мислат дека нивните животи се подобри по Арапската пролет.

Други заклучоци од анкетата се острата поделбата на мислењата во врска со нуклеарниот договор со Иран и конфликтот во Сирија. Истражувањето покажа дека постои желба да се подобрат личните слободи и човекови права, особено во однос на жените. Исто така анкетата покажа дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и САД се сметаат за главни сојузници во регионот.

Осмата годишната анкета на АСДА’А Бурон -Марстелер за арапската младина била спроведена со 3.500 испитаници, од 16 арапските земји. (Сирија била исклучена годинава поради граѓанската војна), со еднаков број на машки и женски испитаници.

XS
SM
MD
LG