Линкови за пристапност

Во редок јавен говор во вторникот, поранешниот кубански комунистички лидер Фидел Кастро пред толпа од партиски поддржувачи рече дека тој е блиску до крајот на својот живот но „идеите на кубанските комунисти ќе останат“ долго откако него ќе го нема.

Кастро говореше за време на затворањето на Конгресот на кубанската комунистичка партија во Хавана, која повторно го назначи неговиот брат Раул, како водач на партијата за следниве пет години.

Раул е шест години помлад од Фидел.

„Наскоро ќе наполнам 90 години“ рече Фидел Кастро пред толпата од околу 1.300 лица. „Наскоро ќе бидам како и сите други. Ќе ни дојде времето на сите нас.“

Коментарите на Фидел дојдоа на крајот на четиридневниот таен партиски Конгрес, кој се совпадна со 55-годишнината од инвазијата на „Заливот на свињите“ од страна на контрареволуционерите поддржани од САД. Конгресот кој се одржува еднаш во 20 години заврши еден месец по историската посета на претседателот на САД Барак Обама на Хавана, прва посета на Куба од страна на актуелен претседател на САД, во речиси 90 години.

XS
SM
MD
LG