Линкови за пристапност

За прв пат од 2014 година свикан Советот НАТО – Русија, а последните тензии меѓу Русија и САД се најдоа на врвот на агендата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека денешната средба е особено важна поради инцидентите од минатата недела, кога САД обвинија дека руски воени авиони прелетале на само неколку метри од брод на американската морнарицата кој пловел во Балтичко Море.

Столтенберг кажа „Сметаме дека дијалогот е поважен кога се наоѓаме во тешки времиња и зголемени тензии“.

На состанокот присуствуваат Амбасадорите од 28-те земји членки на НАТО, заедно со руска делегација.

Руското бомбардирање во Сирија и анексијата на украинскиот полуостров Крим, исто така се очекува да бидат на дневен ред.

XS
SM
MD
LG