Линкови за пристапност

Прелиминарни избори во Њујорк: победа за Трамп и Клинтон


Што значи тоа за трката за претседателските номинации?

Милијардерот Доналд Трамп и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон победија на вчерашните претседателските прелиминарни избори во сојузната држава Њујорк, зголемувајќи го водство над нивните ривали.

Клинтон го порази сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс со двоцифрена предност.

Трамп меѓу републиканците ги освои речиси сите делегати во Њујорк, и сега брои 845 делегати.

За номинација му се потребни 1.237 делегати, што е можеби цифра која тешко ќе може да ја постигне пред партиската конвенција закажана во јули.

Сандерс исто така се соочува со тешки математички калкулации за освојување на номинацијата од неговата партија.

Клинтон сега има 1.887 делегати, а Сандерс засега има вкупно 1.174. За номинација им се потребни 2.383 делегати.

XS
SM
MD
LG