Линкови за пристапност

Прелиминарни избори во Њујорк


На денешните прелиминарните избори во сојузната држава Њујорк во залог се голем број делегати, а анкетите покажуваат дека кај демократите води Хилари Клинтон, а кај републиканците Доналд Трамп.

Без разлика кој ќе победи, кандидатите ќе ги поделат пропорционално вкупниот број на делегати со другите кандидати од нивните партии.

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс пред гласањето изрази уверување дека ќе победи, иако анкетите велат дека тој заостанува барем 10 проценти зад Клинтон. Тој за телевизиската мрежа Ен-Би-Си кажа дека тој победил и во други држави каде што анкетите покажувале дека тој заостанувал.

Демократите во Њујорк се борат за 291 делегати.

Кај републиканците, сенаторот од Тексас Тед Круз и гувернерот од Охајо Џон Кејсик се обидуваат да освојат колку што е можно повеќе од вкупно 95-те делегати, за да бидат во можност да го спречат Трамп да освои мнозинство од 1.237 потребни да ја запечати партиската номинација пред конвенција јули.

Трамп го започна денот со вкупно освоено 744 делегати, Круз со 559 и Кејсик 144.

XS
SM
MD
LG