Линкови за пристапност

Иднината на Европа зависи од решението на бегалската криза


Иднината на Европа зависи од решението на бегалската криза
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Vitaliy Shabunin, head of the non-governmental Anti-Corruption Action Center, reacts after he was splashed with a green substance during a rally in front of the Specialized Anti-Corruption Prosecutor's Office in Kyiv, Ukraine.

Брифинг во Конгресот за бегалската криза и колективната безбедност

Потребен ни е вистински одговор на бегалската криза, и каков ќе биде одговорот - така ќе биде дефинирана иднината на Европа. Ова беше речено на брифинг на Капитол Хил, организиран од Обединетата македонска дијаспора и Јужно-европската коалиција и советодавен одбор на Босна и Херцеговина.

За македонскиот амбасадор во САД, Васко Наумовски недостаток на капацитет и солидарност во рамки на Европската Унија за справување со бегалската криза не е закана само за Унијата туку и за земјите членки.

Тој објасни дека Македонија и останатите земји од Западниот Балкан се согласиле да ја затворат границата после договор меѓу ЕУ и Турција и дека не станува збор за унилатерален акт од македонска страна.

Коментирајќи ги неодамнешните инциденти меѓу полицијата и мигрантите на македонско - грчката граница, Амбасадорот Наумовски беше дециден дека Македонија има право да ја брани својата територија, а во овој случај брани и Европа.

Амбасадор на Република Македонија во САД, Васко Наумовски
Амбасадор на Република Македонија во САД, Васко Наумовски

„Одговорот на Европската Унија не беше соодветен во случајот. Имаше многу ветувања, но Македонија не доби финансиска помош од Унијата. Добивме помош од земјите на Западен Балкан и Централна Европа“- кажа Амбасадорот Наумовски.

Во истиот контекст беше излагањето и на унгарската Амбасадорка во САД, Река Семеркени. „Промените кои се случуваат во Европската унија се фундаментални и бегалската кризата повлече прашања за кои Унијата засега нема одговор“, рече таа на брифингот во Конгресот, и додаде дека проблемот не е само европски, туку глобален.

Според неа политиката на отворени граници не е дел од решението. Контролата на границите не нуди конечно решение, но е во заедничкиот интерес, за одржување на Шенген зоната.

Амбасадорка на Унгарија во САД, Река Семеркени
Амбасадорка на Унгарија во САД, Река Семеркени

„Не е едноставно само хуманитарен предизвик, туку во исто време безбедносен и политички проблем. Треба да ја разбереме комплексноста на проблемот.“ додаде Семеркени.

Кристијан Брунмајер, заменик Амбасадор на Австрија во САД кажа дека минатата година во неговата земја азил побарале 90.000 мигранти. Тој рече дека таквиот тренд е неодржлив. Тој предупредува и на други последици.

„Важно е да се спречи масовниот прилив на бегалци затоа што тоа може да доведе до промени на политичката сцена во Австрија, и десничарските националистички партии да добијат на значење.“ , кажа Кристијан Брунмајер, заменик Амбасадор на Австрија во САД.

Немањето решение на сириската криза, економската неизвесност и немањето едукација за децата е главен фактор за бегалците да заминат на опасниот пат кон Европа, смета Мишел Габудан, претседател на невладината организација „Рефјуџи Интернешенал“.

Мишел Габудан, претседател на невладината организација „Рефјуџи Интернешенал“.
Мишел Габудан, претседател на невладината организација „Рефјуџи Интернешенал“.

Тој вели дека договорот меѓу Турција и ЕУ е избрзан. Ако не се зголеми хуманитарната помош за бегалците, тие ќе најдат нови патишта како да стасаат во Европа.

Според унгарската Амбасадорка Семеркени безбедноста за граѓаните на Унијата е прв принцип кој треба да се почитува, и во исто време ЕУ треба да го поддржи враќањето на мигрантите во нивните матични земји.

XS
SM
MD
LG