Линкови за пристапност

Болести од човек од Африка - причина за исчезнување на неандерталците


Истражувачите велат дека патогени геноми и антички коски, покажуваат оти „некои заразни болести најверојатно се многу постари отколку што претходно се претпоставуваше“.

Болестите донесени од Африка, најверојатно довеле до изумирање на неандерталците од Европа, според ново истражување.

Во трудот објавен во американскиот весник за физичка антропологија, истражувачите од Кембриџ и Оксфорд Брукс велат дека бидејќи и двата вида се хоминиди „за патогените би било полесно да прескокнат популација“.

Истражувачите ги постигнале своите заклучоци врз основа на студијата за патогени геноми и антички коски, за кои велат дека покажуваат оти „некои заразни болести најверојатно се многу постари отколку што претходно се веруваше“.

„Луѓето кои мигрираат од Африка во голема мера би биле резервоар на тропски болести“ вели Шарлот Хулдкрофт од Одделот за биолошка антропологија од Кембриџ.

„За неандерталската популација од Евроазија, прилагодувањето на географската средина со заразни болести, изложеноста на нови патогени донесени од Африка можно е да имаат катастрофални последици. Малку е веројатно да се слични на болестите доведени од Колумбус во Америка и пренесување на домашното население. Поверојатно е дека мали групи на неандерталци поседувале катастрофални инфекции, кои ги ослабеле групите и ја намалувале рамнотежата против преживување“ додава таа.

Некои од можните болести вклучуваат „ тенија, туберколоза, стомачни воспалувања и видови на херпес“ велат истражувачите. Овие хронични состојби би можеле да ги ослабнат неандерталците, со што им било отежнато и ловењето.

Веќе неколку студии сугерираат вкрстување на хомо сапиенс со неандерталците со што се овозможила размена на патогени кои предизвикуваат болести.

Конвенционалната мудрост за заразните болести е дека тие „експлодирале“ откако луѓето започнале со земјоделство, кога луѓето имале поблизок контакт и живееле во близина на добиток.

„Ловците живееле во помали групи. Неандерталците живееле во групи од 15-30 члена“ вели Хулдкрофт.

„Болестите би биле спорадични, но не би биле во можност да се шират многу далеку. Кога се започнало со земјоделство, овие болести имале одлични услови за експлодирање, но тие веќе постоеле наоколу.“

Истражувачите додаваат дека неандерталците би развиле отпорност за природните болести, додека хомо сапиенсите би развиле отпорност на болестите од Африка.

Како пример истражувачите го наведуваат Helicobacter pylori кој предизвикува чир на желудникот. Тие велат дека болеста прво инфицирала луѓе од Африка пред 88.000 до 116.000 години. Пристигнале во Европа пред околу 52.000 години.

Неандерталците се верува дека исчезнале пред околу 40.000 години.

Друг може да биде херпес симплекс 2 што предизвикува вагинален херпес. Постои доказ дека е пренесен на луѓето од Африка пред 1,6 милиони години од шимпанзата.

„Она што го поврзува вирусот помеѓу шимпанзата и луѓето покажува дека болестите можно е да се пренесувале помеѓу овие видови. Вирусот херпес се пренесува со сексуален контакт или со плунка. Како што знаеме, луѓето се дел од неандерталците и носиме два до пет процента на ДНК на неандерталците како резултат на тоа, има смисла да се претпостави дека заедно со течностите во телото, луѓето и неандерталците пренесуваат болести“, вели Хулдкрофт.

Постојат неколку теории за што се случило со неандерталците, вклучувајќи ја и промената на климата, но истражувачите сметаат дека најверојатно е комбинација на повеќе фактори.

XS
SM
MD
LG