Линкови за пристапност

Економијата на Македонија пораснала за 3,7 проценти и покрај политичката криза


Нов извештај на Светската банка сепак посочува на опасноста пролонгираната политичка несигурност да влијае на инвестициите.

Економиите на Европа и Централна Азија се соочуваат со комплексни промени стои во извештајот на Светската банка објавен под името „Влијанието на Кина врз Европа и Централна Азија.“

Анализирајќи ја ситуацијата во Македонија, извештајот вели дека економијата пораснала за 3,7 проценти минатата година и покрај политичката нестабилност во земјата.

Растот бил поттикнат од зголемената потрошувачка, поголемата вработеност, зголемување на приходите и пензиите најверојатно поттикнати од очекуваните избори годинава. Но, исто така и со поголемото владино трошење кое само во втората половина во 2015-та година пораснало за 23 проценти. Нивото на странски инвестиции исто така се зголемило.

Светската Банка проценува дека растот во 2016 година во Македонија ќе остане на 3,7 проценти, и ќе се зголеми до 4 отсто во 2017 и 2018 година, пред се` поради јавните инвестиции во два големи главни патишта, како и со странските директни инвестиции.

Сепак, извештајот посочува дека земјата се соочува со ризици и предизвици.

Краткорочен ризик за раст се наведува политичката ситуација во земјата. Пролонгираната политичка несигурност може да влијае на одлуките за инвестирање и да ја намали економската активност.

Тековната бегалска криза, исто така може да е пречка за развојот, особено ако ЕУ одлучи да ги затвори своите граници.

Среднорочни предизвици за Македонија се потребата за фискална консолидација и приоритизирање на јавната потрошувачка, подобрувањето на пазарот на работна сила и на намалување на сиромаштијата, стои во извештајот.

Светската банка забележува и дека ограничениот пристап до детални податоци и застарените податоци од пописот создаваат тешкотии во процесот за подобрување на условите за живот.

Инаку, состојбата на пазарот на работна сила во Централна и Источна Европа се подобрува и во случајот на Хрватска, Македонија и Полска во 2015 година паднала за блиску до 2 процентни.

Со негативните глобални случувања, изгледите за раст на многу економии во регионот се слаби, вели извештајот.

Сепак, некои од промените исто така може да имаат позитивно влијание. Се посочува на слабеењето на еврото, предизвикано од монетарна политика на Централните банки и Европската централна банка, што ги прави европски земји поконкурентни.

XS
SM
MD
LG