Линкови за пристапност

По поканата за Црна Гора - проширувањето не е на дневен ред

  • Јела де Франчески

Ексклузивно интервју на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за Гласот на Америка

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е во Вашингтон, во рамки на подготовките за Самитот на НАТО во јули, во Варшава. Јела Дефранчески од Гласот на Америка се сретна со него и го запраша за што ќе се разговара на самитот.

„Ќе дискутираме како НАТО ќе се спротивстави на се` поагресивната Русија, одговорна за дејствија во Украина. Исто така, како НАТО може да ги засили напорите да придонесе повеќе во борбата против ИСИС, против насилството во Ирак, Сирија и во поширокиот регион на Блискиот Исток“, одговори Столтенберг.

Тој додаде дека тоа биле двата главни предизвици со кои се соочува НАТО, но не и единствените.

„Во исто време“, кажа тој, „треба да бидеме во можност да се соочиме со предизвиците од југ, од Блискиот Исток и Северна Африка“. Столтенберг кажа дека во тек се „најголемите засилување за нашата колективна одбрана од крајот на Студената војна“.

На прашањето за можноста за дијалог со Русија, командантот на НАТО одговори:

„Дијалогот е потребен, бидејќи треба да избегнеме нова Студена војна и НАТО не бара конфронтација со Русија. Ние не бараме нова студената војна. Но, ние сме убедени дека не постои противречност меѓу силна одбрана, заеднички, предвидлив пристап и во исто време дијалог.

Дијалогот ни е потребен за да се избегнат инциденти, како на пример инцидентот со соборувањето на рускиот авион над Турција, и ако нешто такво се случи мораме да избегнеме незапирливо губење на контролата“.

Во однос на очекувањата од НАТО да се вклучи во решавање на мигрантската криза во Европа, командантот на Северноатлантската алијанса одговори:

„НАТО им помага на Европската Унија и на НАТО сојузниците, Турција и Грција да се справат со мигрантите и бегалците во Европа, и тоа го правиме со распоредување на бродови. Веќе распоредивме неколку бродови во Егејското Море. Тие не враќаат назад бродови со мигранти и бегалци, но тие вршат надзор, извидување, следење и споделуваат информации со турската и грчката крајбрежната стража и со Фронтекс, а потоа локалните власти ги користат информациите за да се справат со кризата на подобар начин“.

За политиката на отворени врати и можноста за ново проширување, командантот кажа дека НАТО го финализира процесот на покана на Црна Гора, држава која ќе стане 29-тиот член на алијансата.

За нешто повеќе од тоа – не е на дневен ред, вели Столтенберг.

XS
SM
MD
LG