Линкови за пристапност

Што ќе донесе Висконсин?


Прелиминарните избори во Висконсин може да бидат клучен момент во битката за претседателската номинација во Републиканската партија.

Републиканците имаат намера да го блокираат милијардерот и бизнисмен Доналд Трамп, кој се соочува со клучен тест во оваа сојузна држава каде постои најдобра шанса да биде спречен во обидот за обезбедување на 1.237 делегати за партиската конвенција во Кливленд, во јули.

Ако Трамп не успее да ги освои делегатите што му требаат пред номинацијата во јули, тоа може да доведе до спорна конвенција во Кливленд и неизвесен исход за него. Последните анкети од Висконсин покажуваат дека ривалот на Трамп, Тед Круз, е во водство, а гувернерот од Охајо, Џон Кејсик заостанува значително.

Трамп бара нов почеток

Трамп во Висконсин водеше кампања во надеж да ги остави зад себе минатонеделните проблеми кои произлегоа од неговите коментари за абортусот и одбраната на менаџерот на неговата кампања, Кори Левандовски, кој во Флорида се соочува со обвинение за наводно грабање на раката на новинар.

Трамп се обиде да ги привлече гласачите потсетувајќи ги на неговата првична појава како политички аутсајдер подготвен да донесе етика на бизнисмен во Белата куќа.

„Јас навистина сум добар бизнисмен. Јас сум толку добар во бизнисот, што вие уште не знаете колку бргу ќе се збогатите. Не знаете колку богати ќе бидете“, изјави Трамп пред поддржувачите на митингот во Васау, Висконсин, каде што беше придржуван од поранешната гувернер на Алјаска и републикански потпретседателски кандидат во 2008, Сара Пејлин.

Шанса за Круз

Висконсин претставува најдобра шанса за Круз да го повтори значењето во трката. Во прилог на забавување на маршот на Трамп до номинација со освојување на делегатите, победата на Круз во Висконсин ќе го зацврсти неговиот статус како главен предизвикувач на Трамп, а можеби и ќе доведе до ситуација за гласање за повеќе кандидати на конвенција во јули.

Круз има намера да ги искористи предностите по најновите проблеми на Трамп и тврдењата дека тој не е вистински конзервативец и не е убедлив во презентирањето на политиката на партијата.

„Тој знае да напаѓаа и навредува, но нема вистински решенија за проблемите со кои се соочува оваа земја“, рече Круз пред новинарите за време на кампања во Висконсин.


Математиката на Кејсик

Гувернерот на Охајо Џон Кејсик стои лошо по бројот на освоени делегати, но се надева дека ќе биде дел од калкулациите ако конвенцијата стане спорна.

„Ние собираме сила во политички и финансиски контекст и очекуваме интересна конвенција“, кажа Кејсик во Филаделфија, Пенсилванија, каде што тој води кампања пред гласањето на 26 април.

Последните гаф на Трамп за абортусот, одбраната на Левандовски и неговата подготвеност да ги напаѓа ривалите покренаа нови сомневања кај републиканскиот естаблишмент за можноста тој да биде избран за претседател како републикански кандидат.

„Сум видел лути борби за време на номинацијата, но никогаш не сум видел претседателски избори со толку лични навреди“, вели претседателскиот историчар од американскиот Универзитет Алан Лихтман.

Трамп предупредува дека работите може да се влошат ако неговата номинација е одбиена на конвенцијата во Кливленд и не ја отфрла можноста за кандидатура за Белата куќа надвор од двете традиционални партии.

„Се работи за третманот“, изјави Трамп во интервјуто за Фокс. „Сакам да се кандидирам како републиканец, но ќе видам како ќе бидам третиран.“

Сандерс води во Висконсин

Висконсин исто така претставува тест за демократската партија каде што фаворитката Хилари Клинтон во најновите анкети заостанува пред предизвикувачот Берни Сандерс.

Во последните неколку дена Клинтон го префрлуваше фокусот меѓу Сандерс и Трамп.

„Имам милион гласови повеќе од Доналд Трамп и два и пол милиони гласови повеќе од Берни Сандерс“, изјави Клинтон на неодамнешниот собир во Пурчес, Њујорк, пред прелиминарни избори во оваа сојузна држава закажани за 19 април.

Сандерс се надева дека победата во Висконсин, ќе му помогне да го затвори јазот со Клинтон во Њујорк.

Нови анкети покажуваат дека Клинтон води, но предноста се намалува во последниве недели и Сандерс ќе направи голем притисок во државата каде израснал.

„Се бориме упорно во Висконсин. Мислиме дека имаме вистински шанса да победиме тука, во Њујорк и потоа во многу други држави ", изјави Сандерс во емисијата „ Добро утро Америка“ на АБЦ телевизијата.

Клинтон ја одржува предноста во однос на Сандерс по вкупниот број на делегати, а посебно меѓу т.н. „суперделегати“, но тој победи на пет, од последниве шест демократски избори и во моментот во неговата кампања постои голем ентузијазам.

XS
SM
MD
LG