Линкови за пристапност

Фокус безбедноста на нуклеарните материјали

Претседателот на САД Барак Обама е домаќин на четвртиот и последен самит за нуклеарна безбедност кој започнува денеска во Вашингтон. Делегации од 50 земји пристигнаа на дводневната конференција која ќе се фокусира делумно на држењето на нуклеарните материјали подалеку од рацете на терористите

САД искажаа жалење за одлуката на Русија која поседува голема количина нуклеарен материјал да не учествува на самитот.

Експертите велат дека постоењето на безбедносни дупки за нуклеарните материјали е од неколку причини: се` уште не постои меѓународна рамка за мониторинг, некои земји не се подготвени јавно да ги прикажат материјалите наменети за комерцијална употреба и некои армии не успеаја да се договорат како да се справат со нивниот нуклеарен материјал.

Во рамки на самитот, претседателот Обама ќе се сретне со надзорно тело на ОН за нуклеарни прашања - Меѓународната агенција за атомска енергија, Интерпол и други организации за да разговараат за унапредување на нуклеарната безбедносна соработка.

XS
SM
MD
LG