Линкови за пристапност

Заврши заложничката драма на Кипар


Лицето кое киднапира египетски патнички авион и го принуди да слета во Кипар е уапсено, изјавија кипарските власти.

Лицето е идентификувано како Сеиф Елдин Мустафа, но не е јасно кои биле неговите мотиви за киднапирање на авионот.

Некои извештаи наведуваат дека се работи за семеен проблем со неговата поранешна сопруга која живее во Кипар. Други известуваат дека тој наводно тврдел дека на себе имал појас со експлозив.

Речиси на сите 55 патници им било дозволено да го напуштат авионот, кој првично летал на релацијата од Александрија до Каиро.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис потврди дека киднапирањето на авионот не е поврзано со тероризам.

XS
SM
MD
LG