Линкови за пристапност

Не е супер вторник но Јута е исто толку важна


Трамп се обидува да добие 1,237 гласови кои му се потребни за да ја добие претседателската номинација од редовите на Републиканската партија, пред конвенцијата во јули

Денеска во САД се одржуваат прелиминарни избори во неколку сојузни држави. Републиканците будно ќе го следат гласањето во Јута, каде Доналд Трамп се обидува да се доближи до бројката од 1,237 делегати потребни да ја добие претседателската номинација од редовите на Републиканската партија, пред конвенцијата закажана за јули.

Според најновите анкети, сенаторот од Тексас, Тед Круз има значително водство во Јута, но потребно му е мнозинство гласови, за да ги добие сите 40 делегати од оваа сојузна држава.

Републиканскиот претседателски кандидат од 2008-та, Мит Ромни, истакна дека денеска својот глас ќе го даде за Тед Круз, повикувајќи и другите да го сторат истото. Тој кажа дека поддршката на Круз е единствената шанса да се има таканаречена „отворена“ конвенција и да се спречи Трамп. Минатата недела Ромни го поддржа и гувернерот на Охајо, Џон Кејсик, кој потоа победи на изборите во оваа сојузна држава.

Републиканците денеска ќе гласаат и во Аризона, којашто носи 58 делегати, по што следат прелиминарните избори во Висконсин, пред 19-ти април.

Од страната на демократите, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон денека се очекува да извојува лесна победа во Аризона, а нејзиниот ривал, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс имаше благо водство воочи изборите во Јута и Ајдахо.

XS
SM
MD
LG