Линкови за пристапност

Републиканска дебата во Флорида


Радикалниот ислам, надворешна политика и трговијата се дел од прашањата што беа опфатени во последната, во најголем дел коректната дебата на четирите републикански претседателски кандидати пред гласањето следниот вторник.

Доналд Трамп застана зад своето тврдење дека „многу“ муслимани ги мразат Американците и рече дека ако биде избран за претседател ќе го разгледа испраќањето на 30.000 американски копнени сили да се борат против Исламската држава на Блискиот исток.

Сенаторот од Флорида Марко Рубио рече дека единствениот начин за справување со радикалниот ислам е здружување со умерените муслимански верници.

Сенаторот од Тексас,Тед Круз ги критикуваше, како што тој ги нарече поедноставените решенија што Трамп ги предлага за трговијата и за насилниот екстремизам, велејќи: „одговорот не е така едноставен, ако се развикаме Кина е лоша, муслиманите се лоши“.

Гувернерот на Охајо Џон Касик, кој заостанува во анкетите, не се вклучуваше лесно во расправата, но успеа да ги истакне своите ставови за климатските промени.

XS
SM
MD
LG