Линкови за пристапност

Обновена ефикасноста на антибиотиците


Откриени се соединенијата кои го ослабнуваат патогенот.

Антибиотиците кои станаа неефикасни против смртоносните бактериски инфекции, можно е да бидат обновени благодарение на откритието на соединенија кои го ослабнуваат патогенот.

Во светски рамки, отпорната на лекови бактерија стафилокока ауреус стана водечка причина за смрт поради тоа што патогенот создаде отпорност на стандардните антибиотици. Лековите пеницилин и метацилин, кои се развија во минатиот век, се евтини и достапни, но не се ефикасни против бактериската закана.

Други бактерии, вклучувајќи ги оние кои предизвикуваат пневмонија и цревна инфекција имаат исто така развиено отпор на лекови.

Развиени се понови антибиотици, како ванкомицинот, кој е поефикасен, но е скап и треба да се даде интравенозно.

Се прават напори да се развие посилен антибиотик кој е полесен за употреба, но можно е и тој да стане неефикасен против смртоносните инфекции.

Но, на старите антибиотици, пеницилин и метицилин може да им се даде нова шанса да бидат корисни.

Истражувачите од фармацевтската компанија Мерк откриле две соединенија кои ја ослабнуваат биолошката структура на лекот отпорен на стафилокока ауреус, исто позната како МРСА, отворајќи го патот на постарите антибиотици да го уништат патогенот. Својата работа тие ја опишаа во списанието Science Translational Medicine.

Тери Ромер од фармацевтската компанија вели дека соединенијата сами од себе не се ефикасни во убивање на МРСА. Експерименти правени на глувци покажале дека доколку се земат со пеницилин ја расчистуваат инфекцијата која е отпорна на лекови.

„Она што е различно и возбудливо е дека ова не е антибиотик, но помага“, вели Ромер.

Кога компонентите кои ја ослабнуваат бактеријата ќе бидат достапни, најверојатно за неколку години, Ромер вели дека ќе бидат земани заедно со традиционалните антибиотици за третирање на бактеријата која е отпорна на лек.

Што е многу поважно, вели Ромер, ова окритие отвара потполно нов видик за борбата против инфекции кои се отпорни на антибиотици , како што е МРСА.

XS
SM
MD
LG