Линкови за пристапност

Словенија ја затвори границата за мигранти


Словенија, Хрватска и Србија велат дека повеќе нема да им дозволат на мигрантите да ги поминуваат нивните граници без план да поднесат барање за азил, со тоа ефикасно затворајќи ја на т.н. „балканска мигрантска рута“ користена од многу мигранти кои се упатија кон побогатите земји во Западна Европа.

Словенија најави дека ќе започне со спроведување на новата политика на полноќ во вторникот, а Хрватска и Србија велат дека ќе ја следат мерката.

Планот на Словенија е во согласност со декрет од состанокот на ЕУ во Брисел, со кој се вели дека членките на ЕУ мора да се вратат на спроведување на Шенген договорот во кој стои дека земјите може да им забранат влез на мигрантите кои не планираат да аплицираат за азил во таа земја.

XS
SM
MD
LG