Линкови за пристапност

Потпретседателот на САД, Џо Бајден ги осуди серијата напади од страна на Палестинците кои се случија за време на неговата посета на Израел, велејќи дека „не може да има оправдување за омразата и насилството“.

Зборувајќи заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бајден убиството на американскиот турист го нарече „грозоморен терористички чин“. Додаде дека цивилизираните лидери не може да гледаат на насилството како на соодветно однесување.

Нетанјаху изјави дека „ништо не може да ги оправда овие напади“ и ги критикуваше палестинските лидери дека не ги осудуваат.

Бајден повика на напредок во израелско - палестинскиот мировен процес, велејќи дека придвижувањето кон решение кое вклучува две држави не е лесен, но дека сегашното насилство и омраза „мора да престанат."

Тој исто така ја повтори заложбата на САД за безбедноста на Израел и вети дека земјата ќе дејствува доколку Иран го прекрши нуклеарниот договор.

XS
SM
MD
LG