Линкови за пристапност

Републиканецот Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон се очекува да го зголемат водството во борбата за претседателската номинација по денешните прелиминарни гласања.

Трамп се надева дека ќе го врати моментумот откако имаше недела на постојани напади од естаблишментот на партијата, и ги подели победите на четирите гласања во саботата со ривалот Тед Круз, кој се позиционира како примарна алтернатива на милијардерот Трамп во трката за номинација од редовите на републиканската партија.

Повеќето анкети на јавното мислење покажуваат дека Трамп има солидно двоцифрено водство во Мичиген пред сенаторот од Тексас Круз, и гувернерот од Охајо Џон Касич.

Фаворитот на естаблишментот сенаторот од Флорида Марко Рубио, заостанува и му е потребна победа следната недела во неговата матична држава за да ја оживее кампањата.

Републиканците и Демократите ќе гласаат исто така во Мисисипи, а републиканците во Ајдахо и Хаваи.

Сепак во фокусот е Мичиген, каде немилосрдната реторика на Трамп против слободна трговија и ветувањето за воведување на даноци за автомобилите и деловите кои доаѓаат од Мексико бече позитивно примено во државата која изгуби десетици илјади работни места во автомобилската индустрија.

Меѓу демократите, во анкетите Клинтон има солидно двоцифрено водство во Мичиген над ривалот, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс. Поранешната државна секретарка на САД, исто така, се очекува да победи и во Мисисипи, каде што доминираат афро-американските гласачи.

XS
SM
MD
LG