Линкови за пристапност

Пред утрешниот „супер вторник“ – возбуда кај двете партии. Еве зошто:


Што е „супер вторник“?

„Супер вторник“ е денот кога демократските и републиканските кандидати за претседател се натпреваруваат во прелиминарните избори во најмалку 11 сојузни држави. Гласачите ширум САД гласаат во различни денови, се` до партиските конвенции во јули. Овој вторник се нарекува и „супер вторник“ бидејќи тоа е денот со најмногу избори во сојузните држави.

Кој се ќе гласа?

Републикански и демократски прелиминарни избори се одржуваат во Алабама, Арканзас, Колорадо, Џорџија, Масачусетс, Минесота, Оклахома, Тенеси, Тексас, Вермонт и Вирџинија. Републикански кокуси ќе се одржат во Аљаска и Вајоминг. Демократите во Американска Самоа и демократите кои живеат во странство, исто така ќе гласаат во вторник.

Зошто „супер вторник“ е толку важен?

На „супер вторник“ ќе бидат избрани околу една четвртина од сите делегати кои ќе присуствуваат на партиските конвенции подоцна годинава. Тоа е најголемото гласањето во однос на бројот на делегати.

Зошто кандидати сакаат да освојат делегати, а не да победат во сојузните држави?

Кандидатите победуваат со собирање специфичен број на делегати кои ќе ги номинираат за време на конвенцијата на нивната партија. Демократите имаат севкупно 2.383 делегати. Републиканците 1.237 делегати. Кандидатите можат да добијат делегати дури и ако не победат во одредена држава.

Како Супер вторник ќе ја промени републиканската претседателска трка?

Во републиканската трка моментално се борат пет кандидати. Колку повеќе делегати ќе бидат избрани, математички толку потешко ќе биде за некои кандидати да ја освојат номинацијата. Некои од кандидатите кои заостануваа веќе се откажаа од трката. Можно е и други да го стори истото по завршувањето на гласањето на 1-ви март.

Како Супер вторник ќе ја промени демократската претседателска трка?

Досега, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ја освои Јужна Каролина, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс го освои Њу Хемпшир. Сандерс беше блиску да ја победи Клинтон во Ајова и Невада. Големиот број на делегати на изборите во „супер вторник“ може да донесе различен интензитет во трката во која се борат само двајца кандидати.

Кои сојузни држави се важни?

Тексас е клучно бојно поле со најголем број на делегати меѓу државите кои ќе гласаат во „супер вторникот“. Според некои анкети кај републиканците, сенаторот Тед Круз води во својата матична држава. Други анкети пак покажуваат тесна трка со Доналд Трамп.

Кај демократите Клинтон е со најголеми изгледи да победи во поголем број кај јужните држави, каде има голем процент на африканско-американски гласачи. Сандерс се очекува да победи во неговата матична држава, Вермонт.

Што следи?

Неколку сојузни држави имаат закажано кокуси на 5-ти и 6-ти март. Друг голем круг на гласање се одржува на 8 и 15-ти март, каде ќе бидат избрани голем број на делегати.

XS
SM
MD
LG