Линкови за пристапност

Кој е кој во сирискиот конфликт?


Клучни внатрешните актери:

• Сириската влада

• Курдските сили

• Умерени и националистичките исламски бунтовници

• Исламистичките анти-владини сили

• Исламската држава

Клучни надворешни актери:

• Русија

• САД

• Турција

Цели на клучните внатрешните актери

Сириската влада – Да остане на власт. Малцинскиот огранок на шиитското малцинство (Алавити) на сирискиот претседател Башар ал-Асад сите противници, цивили или вооружени, ги сметаат за „терористи“, неселективно убиваат цивили и членови на вооружената опозиција.

Курдските сили – Да добијат со територијална автономија. Главно се борат против Исламската држава, но имаа судири и со умерените исламистички бунтовници откако и освојуваа градови во северна Сирија откако започна офанзивата на Асад против Слободната сириска армија. Курдските сили имаа за цел да ги обединат курдските области долж турската граница.

Умерените и националистичките исламски бунтовници – Цел им е смена на владата од страна на умерените. Во групата се вклучени Слободната сириска армија поддржана од западните сили, голем број локални милиции кои бараат соборување на претседателот Асад, главно сунити. Во борбите неколкупати застанале на страната на радикалните исламисти, но се закануваат дека ќе продолжат со понатамошна соработка ако САД не им дадат дополнителна поддршка.

Исламистички анти-владините сили - Замена на владата на Асад со Исламисти. Вклучува тврдокорните исламистички сили Ахрар Ал Шамс и Џабат ал Нусра, огранок на Ал-Каида. Имаат повремена соработка со умерената опозиција.

Исламска држава – Сака да воспостави калифат. Составена од џихадистички борци кои се борат против сите.

Клучни надворешни актери

Русија – Ја поддржува владата на Асад и формираше воен сојуз со Курдите. Вели дека се бори против Исламската држава и другите „терористи“, но се фокусира на воена интервенција против умерената опозиција на Асад.

САД – Ја предводат меѓународната коалиција во борбата со Исламската држава. Ги поддржуваат Курдите во нивната борба против Исламската држава источно од реката Еуфрат и против некои од умерените и националистичките исламски опозициони сили.

Турција - Дел од коалицијата во борба против Исламската држава, но критична кон САД поради инсистирањето борбата да биде само против Исламската држава, а не соборување на Асад. Се спротивставуваат на курдските амбиции за самоуправа и ги бомбардираат курдските позиции.

Саудиска Арабија и други сунитски земјите од Персискиот залив - Дел од коалицијата против Исламската држава, се фокусираат на отстранување на Асад, продлабочување на регионалното ривалство меѓу сунитите и шиитите.

Иран - Шиитската влада ја поддржува владата на Асад, и ги влошува секташките поделби.

Хезболах - либанска шиитска паравојска што ја поддржува владата на Асад, долгогодишен покровител на организацијата. Уште еден секташки играч.

XS
SM
MD
LG