Линкови за пристапност

Трамп го обезбеди статусот на лидер во републиканската претседателска трка


Голем тест ќе биде Супер Вторник, следната недела кога ќе гласаат десетина сојузни држави.

Во американската претседателска трка Доналд Трамп го обезбеди својот статус на лидер меѓу републиканските кандидати пред круцијалните избори следната недела на таканаречениот Супер Вторник кога ќе гласаат повеќе од десет држави.

Трамп победи на три од првите четири гласања и најнови истражувања на јавно мислење покажуваат дека тој води и во најголем дел од државите на Супер Вторник.

Победата на Трамп во Невада изминатиов вторник му донесе и прва поддршка од Конгресот во средата, од републиканските конгресмени од Њујорк, Крис Колинс, и од Калифорнија, Данкан Хантер.

Марко Рубио ја зацврсти својата позиција како републиканска алтернатива на Доналд Трамп добивајќи неколку клучни партиски поддршки.

Тед Круз кој е блиску до Рубио вели дека едвај чека да се врати во неговата држава Тексас, една од неколкуте кои ќе гласаат на Супер Вторник, по неговиот финиш како трет во Невада.

На демократска страна Хилари Клинтон има моментум упатувајќи се кон прелиминарното гласање во сабота во Јужна Каролина откако го порази Берни Сандерс во Невада.

XS
SM
MD
LG