Линкови за пристапност

Папата Францис денес патува за Чиапас, најсиромашната држава во Мексико, каде што ќе одржи миса на три домородни јазици. Папата потоа ќе ја посети Морелија, главниот град на западната држава Мичоакан, каде што земјоделците во 2013 година се кренаа на оружје во борба против картелот со дрога т.н. Витези Темплари.

Во неделата, Френсис одржа миса на отворено за околу 300.000 католички верници во предградието Екатепек во Мексико Сити.

Папата зборуваше против трговијата со дрога и насилството, централна тема на неговата петдневна посета.

„Да сфатиме со нашите глави дека со ѓаволот нема дијалог“, рече тој, истовремено повикувајќи ги верниците да се спротивстават на суетата, гордоста и богатството.

Папата Францис ги повика Мексиканците да бидат во „првите редови“ во формирањето на иднината на својата земја.

Тој ги повика да ја направат нивната татковина „земја на можности, каде што нема да има потреба да се иселуваат за да го остварат сонот, нема потреба да бидат експлоатирани само за да имаат работа, нема потреба да им очај и беда на многумина, а тоа да биде можност на неколку. Земја што не ќе мора да жали за мажите и жените, младите и децата чии животи се уништени од дилерите на смртта, рече папата во главниот град на Мексико.

XS
SM
MD
LG