Линкови за пристапност

Милиони работници и ученици во САД денес имаат слободен ден

Празникот официјално е познат како роденден на Вашингтон и е федерален празник од 1879 година. Ова е ден за навраќање кон историјата на нацијата но и време на големи попусти во продавниците.

Со текот на времето прославата била променета и бил приклучен и 12-ти февруари, роденден на 16-тиот претседател на САД, Абрахам Линколн. Линколн никогаш не беше почестен со официјален федерален празник, иако многу сојузни држави имаат прогласено ден за одбележување во негова чест.

Во 1968 година, Конгресот усвои закон со кој прославата на неколку федерални празници беше поместена во понеделник, со цел да им се овозможи на граѓаните тридневен викенд наместо еден ден слободен на датумот кој може да се случи во било кој ден од неделата.

Роденденот на Вашингтон постана третиот понеделник, секој февруари, кога е и празник на сите претседатели на САД.

XS
SM
MD
LG