Линкови за пристапност

Јолевски: Границата на Македонија останува отворена


Јолевски: Границата на Македонија останува отворена
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Јолевски: Границата на Македонија останува отворена

Министерот за одбрана и поранешен амбасадор Зоран Јолевски, вчера во Германскиот Маршалов Фонд во Вашингтон зборуваше за бегалската криза и за регионалната соработка.

Во моментов Европа нема решение за хуманитарната криза со бегалците и економските мигранти кои се обидуваат да стасаат во Европа, рече во уводното излагање Иван Вејвода од Германскиот Маршалов Фонд.

Има обиди да се реши проблемот, како на пример преку постигнување мир во Сирија. Но бегалците не се само од Сирија. Има околу два милиони лица од Африка кои се подготвуваат да се упатат кон Европа. Оваа става голем притисок врз клучните европски достигнувања, како што е Шенген зоната, заради што некои земји веќе воведоа ограничувања на безвизниот режим и контрола на границите, потенцираше Вејвода.

Но затворање на границите не е решение, рече тој.

Министерот за одбрана на Македонија Зоран Јолевски даде појаснување за мерките на македонско-грчката граница преземени од македонската влада:

Оградата на границата не е да се затвори границата, туку да се контролира приливот на мигранти и нивна регистрација. Границата останува отворена. Но, Македонија е загрижена за можната одлука некоја од земјите од Шенген зоната да ја затворат границата, што би принудило илјадници мигранти да останат во Македонија, кажа тој.

Според него одлуката на Европската комисија да ги покани земјите од балканската рута, заедно со земјите на Европската Унија да дискутираат за проблемот е важен чекор во справување со проблемот. Тој сепак смета дека нешто друго е поважно во овој контекст:

„Треба да се забрза евроатланската интеграција на земјите во регионот. Поканата на Црна Гора во НАТО е голем чекор напред. Интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската унија ќе има стабилизирачки ефект врз земјата. Овие политики ќе го зајакнат регионот.“

Сет Стодер, Помошник секретар во Одделот за домашна безбедност на САД вели дека неговиот оддел и европските партнери работат заедно со земјите како Македонија, која не е членка на блокот, на размената на информации и биометриски податоци во интерес на зголемување на безбедноста, што е врвен приоритет за сите.

XS
SM
MD
LG