Линкови за пристапност

Ајова: Гласачите се лути


На собири низ првата држава каде ќе има прелиминарно гласање, Ајова, Вашингтон е обвинуван за проблемите на нацијата.

Гласачите загрижени заради се` поголемото влијание на парите и политичари кои се држат за естаблишментот – им донесе поддршка на тројца кандидати кои не се дел од политичкиот естаблишмент на Вашингтон, бизнисменот Доналд Трамп, сенаторот Тед Круз и сенаторот Берни Сандерс.

Само неколку дена пред кокусот во Ајова, стотици луѓе чекаа со часови на студено време да го видат Трамп да се појави на собир во Универзитетот Дрејк во Де Моин.

Многумина го наведуваат неговото политичко неискуство и неговата самофинансирана кампања како причини за гласаат за бизнисменот со недвижности.

„Луѓето се многу лути на власта и тоа е во ред. Мислам дека власта треба малку да биде протресе. Добро е тоа. Не` изневери во минатото“ вели Џек, поддржувач на Трамп од Ајова.

Кандидатите го користат верувањето кај некои гласачи дека власта работи против нивните интереси. Најголемиот конкурент на Трамп, сенаторот Тед Круз, токму затоа го истакнува пред гласачите фактот што не е омилен во Вашингтон.

„Ако гледате кандидат кого Вашингтон го прифаќа, бегајте од него“, кажа тој пред насобраните во Ајова, во саботата. Луѓето го поздравија кога тој предложи укинување на Управата за даноци и мноштвото владини агенции.

„Многу политичари велат едно за време на кампањата и кога ќе отидат во Вашингтон прават друго. Се случило во двете партии и уморен сум од тоа“ кажа Пол, кој вели дека е раководител на кампањата на Круз во таа општина.

Републиканските гласачи за време на собирите во Ајова ја наведоа економијата, илегалната имиграција и состојбата во која се наоѓа американската армија како главни проблеми, но, потенцираа дека ниеден од овие проблеми не може да биде решен во сегашниот систем.

„Дури и републиканците на национално ниво сакаат аутсајдер, некој кој не е од политичката класа, кој не е дел од проблемите во Вашингтон што ние ги гледаме во моментов“ вели Мет Строн, поранешен политички стратег.

Но, гневот не е само кај републиканците.

„Има револтирани гласачи низ целиот политички спектар во моментов“ вели Денис Голдфорд, професор по политички науки на Универзитетот Драјк.

XS
SM
MD
LG