Линкови за пристапност

Чаусидис: „За фер избори потребна е итна департизација на медиумите“

  • Борјан Јовановски

Преговорите засега не донесоа доближување на двете спротивставени позиции.

Со оглед негативните извештаи за состојбите во медиумската сфера, договорот од Пржино постигнат во јули минатата година предвиде реформи во медиумите со цел да се обезбеди атмосфера за фер и демократски натпревар меѓу политичките субјекти.

Преговорите на оваа тема кои се водат меѓу потписниците на договорот од Пржино за сега не донесеа поконкретни резултати. Предлозите на медијаторот Питер ван Хојте беа отфрлени од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ но и од еснафското здружение МАН.

Од своја страна, Здружението на новинари и опозицијата го прифатија овој предлог, но, текот на преговорите засега не донесе доближување на двете спротивставени позиции.

Набљудувачите на состојбите во оваа сфера повикувајќи се на експертскиот извештај на Европската комисија, велат дека партизираноста на медиумите е преголема и дека веќе и нема време да се направат посериозни пробиви кои би ја исполниле целта на реформите. Без слободни медиумите не може да има слободни избори а преговорите на оваа тема немаат напредок, вели Снежана Трпевска од Високата школа за новинарство.

Сличен став имаат и во Независниот синдикат на новинарите од каде што порачуваат дека е потребна итна департизацација на медиумскиот простор и негово ангажирање во насока на јавниот интерес, вели Тамара Чаусидис, претседателка на Независниот синдикат на новинарите.

Според актуелниот предлог на медијаторот Питер ван Хојте потребно е да се воспостави институционална автономија на МРТ и да се обезбедува одржлив извор за негово финансирање, воспоставување на медиумскиот регулатор како независно експертско тело, кое ќе се грижи за независноста на медиумите и ќе го заштити медиумскиот пазар. Предлогот исто така ги забранува владините реклами, а реклами од јавен интерес предлага да се објават во јавниот сервис.

XS
SM
MD
LG