Линкови за пристапност

Дебата без Трамп


Републиканските претседателски кандидати ја одржаа последната дебата пред партиските избори во Ајова, познати како кокуси, но се` уште непознато дали некој од кандидатите ја зголемил популарноста кај гласачите.

Водечкиот кандидат според анкетите, Доналд Трамп не учествуваше на дебата заради несогласување со организаторот Фокс Њуз, и наместо тоа реши да одржи настан за собирање на средства за ветерани на локација на само неколку минути оддалеченост од местото на одржувањето на дебатата.

Но персоналитетот на Трамп не можеше да биде заобиколен на дебатата. Модераторот дури ги поттикна кандидатите да го споменат отсуството Трамп.

Но, кандидатите брзо се насочија на нивните сопствени квалификации за функцијата претседател, дебатирајќи околу имиграцијата и националната безбедност.

Трамп се` уште води во истражувањето на јавното мислење пред партиските кокуси, што ќе се одржат следниот понеделник.

XS
SM
MD
LG