Линкови за пристапност

Џон Кери во Камбоџа


Заложбите за човекови права и билатералната трговија се централни теми за кои државниот секретар на САД, Џон Кери разговарал со властите во Камбоџа. Кери кажа дека напредокот на земјата во областа на човековите права, универзалните слободи и доброто владеење се „критични“, за „да се искористи целиот потенцијал“ на билатералните односи со САД. Тој ова го изјави за новинарите откако одржа одделни разговори со официјални претставници, вклучително и премиерот Хун Сен и лидерот на опозициската партија Кем Сока.

Кери ја пофали Камбоџа за нејзиниот економски напредок.

Премиерот на Камбоџа му соопштил на Кери дека на специјалниот самит на Асоцијацијата на југоисточни азиски нации следниот месец смета како на „чекор напред кон стратешко партнерство“ помеѓу САД и земјите на АСЕАН.

XS
SM
MD
LG