Линкови за пристапност

САД ги засилуваат напорите да му помогнат на Лаос да се справи со проблемите како глад, неексплодирани експлозивни направи и пристап до нова технологија за долен Меконг. Американскиот државен секретар Џон Кери ги претстави иницијативите за време на посетата не Виентиане. Тој исто така зборуваше и за предизвиците надвор од Азија, вклучувајќи ги и планираните мировни разговори за Сирија. Кери зборуваше по средбата со премиерот и други претставници на Лаос. Разговорите ги поставија темелите за посебен самит на Асоцијацијата на југоисточни азиски нации што ќе се одржи следниот месец во Калифорнија, каде домаќин ќе биде претседателот Барак Обама.

XS
SM
MD
LG