Линкови за пристапност

Унапредување на слободата на медиумите

  • Синиша Станковиќ

B. Jordanovska (VOA)

B. Jordanovska (VOA)

„Договорот од Пржино мора да биде спроведен, мора да биде вклучена и оставката од премиерот Никола Груевски како и други структурни реформи“, изјави европратеникот Ховит

„Ние силно ги повикуваме претставниците на сите политички партии да не жалат време и напори во имплементацијата на Договорот од Пржино и на итните реформи. Нагласуваме дека ова е политички приоритет кој е неопходен за земјата да ја надмине политичката криза. Целосната посветеност и фокус на сите политички партии кон преостанатите чекори кон договорот е круцијална. Поради тоа ние ги охрабруваме сите страни брзо да делуваат и да го подготват избирачкиот список со усогласената методологија заради веродостојно ниво на теренски проверки, како и за преземање чекори за унапредување на слободата на медиумите“, истакнаа европратениците Едуард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит по серијата средби вчера и денес во Скопје со претставници на четирите политички партии - потписнички на договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, претставници на ДИК, на граѓанскиот сектор и со специјалната јавна обвинителка.

На денешната прес-конференција, европратениците не се изјаснија децидно за евентуалното одлагање на изборите, но ги повикаа политичките чинители да не жалат време и напори во имплементацијата на Договорот од Пржино и на итните реформи.

B. Jordanovska (VOA)

B. Jordanovska (VOA)

Според европратеникот Ховит, „договорот од Пржино не е целосно спроведен, инаку ние не би биле овде. Договорот мора да биде спроведен, мора да биде вклучена и оставката од премиерот Никола Груевски како и други структурни реформи“.

„Што се однесува на ситуацијата со медиумите можам да кажам дека таа ситуација не е задоволителна би сакале повеќе транспаретност да

B. Jordanovska (VOA)

B. Jordanovska (VOA)

постои повеќе простор за медиумите, постои недостаток на комуникација . Ова е многу важен недостаток за демократскиот систем на вашата земја“, потенцираше неговиот колега, известувач за Македонија, Вајгл.

Според европратеникот Кукан. Договорот е солидна основа за решавање на кризата во Македонија: „Јас исто така мислам дека тоа треба да биде патриотска одговорност за сите

B. Jordanovska (VOA)

B. Jordanovska (VOA)

најважни политички чинители“.

Европратениците се загрижени заради пробиените рокови и за одделни назадувачки чекори во однос на забелешките во Извештајот на Прибе и најавија дека очекуваат Европскиот парламент да биде присутен за време на изборите како натамошен показател за посветеноста и солидаризирањето со македонските граѓани.

По посетата на европратениците, во петок во Скопје ќе допатува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, што коинцидира со крајниот рок кога премиерот во заминување Груевски да се повлече од функцијата и да се формира нова влада.

XS
SM
MD
LG