Линкови за пристапност

Кои се очекувањата од посетата на еврокомесарот Хан?


Кои се очекувањата од посетата на еврокомесарот Хан?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Кои се очекувањата од посетата на еврокомесарот Хан?

Македонија се наоѓа во критична фаза во процесот на имплементацијата на Договорот од Пржино. 15-ти јануари е денот кога овој договор предвидува оставка на премиерот и формирање техничка влада која ќе го подготви изборниот процес предвиден за 24-ти април оваа година.

Во Скопје се очекува доаѓањето на Комесарот за проширување , Јоханес Хан. Толкувањата на оваа посета на еврокомесарот се најразлични, но, сите се согласни во тоа дека Хан со себе носи и расплет на дилемите околу оставката на премиерот и датумот на изборите. Во провладиниот табор од Хан се очекува да го потврди 24 април како датум за предвремените избори.

„И пред да дојде Хан, ние мораме да ги расчистиме работите дали Европа стои зад изборите или не. Кога ќе дојде Хан, ако веќе нашиот премиер поднел оставка, ќе биде прилагодување. Така да Хан сака да успее процесот кој тој го води, ние поготово тоа го сакаме како држава, меѓутоа тука се измешани разни интереси и мислам дека ќе имаме еден жесток, пеколен период се' до 24 април. Ризиците (изборите да не се одржат) се големи. “ изјави Ристо Никовски.

Од своја страна професорот Денко Малевски посетата на Хан ја толкува во контекст на средбата на премиерот Груевски со потпретседателот на САД Џо Бајден. За Малевски станува збор за координирана дипломатска акција на Брисел и Вашингтон со цел да се обезбеди мирна транзиција кон техничка влада и создавање на услови за фер и демократски изборен процес.

„Имено кога еден автократски систем влезе во промена, многу е неизвесно какви се' потези може да повлечат оние што треба да се симнат од власт. Оттаму овој притисок од надвор со цел да се обезбеди една мирна транзиција, сега прво кон една техничка влада која што ќе ги разгледа условите во кои се наоѓа општеството за одржување на избори и потоа да се оди на избори“ вели Денко Малевски.

На овие теми вчера и денес разговори со сите релевантни субјекти во процесот на имплементација на Договорот од Пржино водеше европратеничката тројка , Вајгл, Ховит и Кукан. Нивните наоди во голема мерка ќе го детерминираат и резултатот од посетата на еврокомесарот Јоханес Хан.

XS
SM
MD
LG