Линкови за пристапност

Новите препораки за исхрана од владата на САД велат дека Американците можат да јадат јајца без да имаат грижа на совеста

Според новите нутриционистички препораки издадени од Министерство за земјоделие и Министерството за здравство и социјални служби, Американците сега можат да јадат јајца без да имаат грижа на совест.

Во првите упатства издадени по 2011-та година владата исто така даде зелено светло и за друга храна со висок холестерол и пиење до пет шолји кафе на ден.

Упатствата од 1977 година препорачуваа да се избегнува холестерол, што негативно се одрази на продажбата на јајца.

„САД им се придружија на многу други земји и експертски групи како Американската асоцијација за срце и Американскиот колеџ за кардиологија кои немаат ограничување за внесување на холестерол во исхраната“ вели Мич Кантер, извршен директор на активистичката група за јајца, Центарот за хранливост на јајцата.

Во препораките стои дека Американците треба да го ограничат конзумирањето на шеќер, на 10 проценти дневно.

Калориите кои доаѓаат од заситени масти и се наоѓаат во црвеното месо, путерот, сирењето, масното млеко и сладоледот исто така треба да бидат лимитирани на 10 проценти, според овие упатства.

Генерално, упатствата сугерираат Американците да избегнуваат храна со животински протеини и повеќе да конзумираат храна од растително потекло. Не само што ова е подобро за луѓето, туку со јадење на овошје, зеленчук и јаткасто овошје, ќе има помалку експолоатација на животната средина, стои во упатствата.

Препораките веќе не сугерираат појадок за да се остане во форма.

Критичарите велат дека изоставување на предупредувањата за холестеролот се добар пример за давање совети кои подоцна ќе се покаже дека не биле исправни.

Секретарот за здравствни и социјални услуги, Силвија Бурвел и Секретарот за земјоделие Том Вилсак велат дека упатствата се менуваат врз база на научни сознанија, но дека останале конзистентни во однос на препорачаното конзумирање повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарки, за сметка на јадење помалку заситени масти, сол и храна богата со шеќер.

Владата издава упатства на секои пет години и тие се од помош при утврдување на хранливите стандарди за менито во училиштата и федералната помош во храна.

XS
SM
MD
LG