Линкови за пристапност

Православните верници го слават Рождеството Христово


Христос се роди - Навистина се роди! Со оваа порака утринава се шири веста за Христовото раѓање во православни храмови ширум светот.

Православните Христијани ширум Русија, Украина, Србија, Грузија, Етиопија, Македонија и во други земји го слават Божиќ. Божиќното славење во црквите започна уште од синоќа. Во Македонија верниците се упатија во храмовите најпрво да ја чујат светата литургија, но и да се помолат за здравје и секое добро. Во украинскиот пристанишен град Одеса волонтери направиле реконструкција на настаните, вклучувајќи и војници од античкиот Рим кои биле стационирани на ова место во првиот век пред нашата ера.

Грчкиот православен патријарх од Ерусалим, Теофилос, пристигна во Витлеем на Западниот брег, за да ја води полноќната литургија во Црквата на Рождеството Христово, што многумина ја сметаат за место на раѓање на Исус Христос. Поради ескалацијата на насилството во областа, годинава имаше помалку посетители.

Бадник во Црквата Свети Сава во Белград.

Бадник во Црквата Свети Сава во Белград.

Во главниот град на Србија, верниците се собраа пред Црквата Свети Сава, да фрлат бадникови гранки во огнот, традиција за ноќта спроти Божиќ.

Папата Францис ги поздрави православните Христијани и се обрати пред верниците на Плоштадот Свети Петар во Рим, посакувајќи им најдобри желби за мир и благосостојба.

Богојавление во Бугарија.

Богојавление во Бугарија.

​Во некои држави, пак, се слави празникот Богојавление со скокање во студени води за да се фати дрвениот крст, што се верува дека носи здравје и среќа за тој што ќе го изнесе.

XS
SM
MD
LG