Линкови за пристапност

Обама бара граѓанска поддршка за контрола на оружјето


Американскиот претседател прави уште еден напор за да ја добие поддршката на јавноста за построги контроли за поседување оружје.

Oбама ќе биде гостин на настан на Универзитетот Џорџ Мејсон во близина на Вашингтон, во организација на CNN телевизијата и во живо ќе одговара на прашања од публиката.

Претходно неделава претседателот претстави низа нови мерки кои бараат повеќе продавачи на оружје да добијат лиценци и повеќе купувачи да бидат подложени на безбедносни проверки.

Републикански законодавци велат дека претседателот ги пречекорил законските овластувања со објавување на новите правила за кои тие велат дека нема да помогнат да се запре оруженото насилство.

XS
SM
MD
LG